Битолската библиотека го одбележа својот Патрон

0
2045

Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола денеска го одбележа патронатот со повеќе активности.

-Денес нашата библиотека го прославува својот Патрон. Св.Климент Охридски, нашиот учител, просветител, писател, инспиратор. Ние сме среќни бидејќи го величаме неговото дело. Денес ќе имаме можност да ги проследиме неговите дела поврзани со нашето писмо, Манифестација „Моќта на буквите“, ќе имаме и пригодна изложба, изјави Јелена Петровска в.д директор на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола.

-Во оваа институција се сместени илјадници изданија, илјадници страници во кои што се кријат мноштво информации кои што едноставно му пружаат информации на младите генерации а и на сите луѓе, можност да ги прошират своите знаења, видици и богатство. Затоа би им препорачала што почесто да бидат во оваа институција и во нејзините простории, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

По повод Патронот на битолската библиотека беше прикажана и видео презентација за глаголицата од авторот Александар Гулевски.

Без коментари