Битолскиот Универзитет и Општина Битола потпишаа Меморандум за соработка

0
488

Во рамки на одбележувањето на Патрониот празник на битолскиот Универзитет Св.Климент Охридски, денес ректорот проф.др Сашо Коруновски и градоначалникот на Општина Битола Наташа Петровска потпишаа Меморандум за соработка.

-Имаше визија за понатамошно интензивирање и продлабочување на нашата сорабтка како две институции, многу релевантни за општината, но и регионот каде што делуваат. Во самиот Меморандум ќе има повеќе области за соработка, конкретно дефинирани и се надеваме дека тоа ќе биде општата рамка во која ќе ставаме содржини од заеднички интерес, за благодет на граѓаните на Битола и поширокиот регион. Ние како високообразовна институција која работи веќе 4 децении, секогаш се трудиме да бидеме во служба на пошироката заедница, изјави проф.д-р Сашо Коруновски, ректор на битолскиот Универзитет.

Градоначалничката Петровска рече дека голема корист од овај Меморандум за соработка ќе имаат студентите.

-Се гордеам што сум градоначалник на град во кој се наоѓа Универзитетот „Св.Климент Охридски“.  Со Мморандумот отвораме перспективи и за општината, но и за сите нејзини граѓани, особено младата популација. Но не само битолчани кои студираат тука, знаеме дека овој Универзитет во својот опфат всушност има и граѓани од ширум државата. Овој Меморандум значи всушност дека треба да овозоможи младите луѓе да добијат реални можности, да се внесат во општеството уште во рамките на своето студирање, кога го кажувам тоа мислам на институциите и практично да согледаат како тие функционираат, изјави м-р.Наташа Петровска, градоначалник на Битола .

Ректорот Коруновски на градоначалничката Петровска и подари статуетка од Св.Климент Охридски.

Без коментари