Битолчанец кој со звукот на кларинетот го воодушеви Жак Ширак -Славе Наумовски Чапче

0
341

Македонското „Гајдарско оро“ изведено од битолскиот мајстор на кларинет Славе Наумовски – Чапче, го воодушевил поранешниот француски претседател Жак Ширак. Маестрото во 2008-тата година на фолклорен фестивал во Франција имал несекојдневна можност со македонски ора и песни да го развесели родното место на Ширак, мала населба во близината на Париз. Заедно со културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола на претседателот и на другите гости им отсвириле сплет од македонските ора „Чифте“, па женското „Чамче“ и други. Но, најсилен впечаток оставил мајсторскиот настап на Чапче кој свирејќи ја популарната македонска „Гајда“ го расклопил кларинетот дури со пифлата, односно најмалиот дел. – Беше тоа за време на турнејата во Франција во 2008 година.

– Kореографот рече да ги одбереме најдобрите песни зашто ќе присуствува и претседателот. Пред да почнеме пристигна Ширак со сопругата. Ја отсвирив „Гајдата“. Солирав, а другите ме следеа. Тоа беше специјален настан-истакна Наумовски.

Славе Наумовски Чапче инаку е долгогодишен член и раководител на оркестарот на КУД.Илинден поточно од 1966 тата година.