Битолчани вртеле мазник, парето паднало во Македонската репрезентација

0
4851

Битолчанецот Димче Поповски на својот Фејсбук профил објави дека парето паднало во парчето наменето за Македонската репрезентација која денеска игра против Словенија од 19:30.

„Има едно друштво КАФЕЏИИ од Битола, кои 6-7 години секое утро пијат КАФЕ заедно, различни бизниси и работни обврски имаат, различни политички гледишта имаат, ама за дружба, за Битола, за Македонија  секогаш се тука !!!
Денес пред да се тргни на пат се вртеше мазникот со паричка од 15 кафеџии , паричката падна во 16 за Репрезантацијата на Македонија , ајде аирлија и среќен патот да е за Загреб“, напиша Поповски.