Богата културна предновогодишна понуда во Ресен 

0
460

Започнувајќи од 14 декември, па се 30 декември Ресен ќе биде домаќин на голем број културни настани од различни области. Богатата понуда на настани започнува вечерва со отворањето на ликовната изложба „Потрага по ликовноста во соочување со убавините на природата“ на ликовниот уметник Владимир Темков. Изложбата е поставена во Ресенскиот Сарај.

Да се постави изложба од уметник како Владимир Темков е голем предизвик. Да се соочи човек со делата на Темков, е исто како да се соочи со предизвикот да и се погледне на природата и уметноста со поинакви очи. Преку четката на Темков се создадени дела кои изобилуваат со посебен колорит, душа, кои го покажуваат ликот на необичната природа. Во Домот на културата „Драги Тозија“ се изложени 33 дела од овој македонски ликовне уметник, кој со речиси 35 годишното ликовно творештво остава длабока трага во македонската ликовна историја“ рече директорот Васко Василевски.

По овој настан веќе на 16 декември следува поп рок вечер со „Оли Китан“ бенд и „Ние, другарите“ бенд во кино салата во Ресен. Театарот од Кавадарци гостува со претставата „Стјуардеси“ на 20 декември на истата локација, а таму ќе се одржи и музичката вечер со групата „Персиди“, насловена како „Вечер на музика од бившите ЈУ простори“ на 22 декември.

Низ душата на македонската песна“ носи наслов настапот на хоровите „Мелодиум“, „Ѕвончиња“ и „Тин ѕвончиња“ од Битола на 23 декември, додека пак триото „Интерарт“ со преработена класика, во состав Александар Стефановски – флејта, Емилија Ристевска Стефановска – флејта и Татјана Божиновска-пијано, ќе настапат на 25 декември во Ресенскиот Сарај. Музичката програма ќе биде надополнета и следниот ден на 26 декември, со концертот наречен „Класика во филмските хитови“, на кој ученици од школата за пијано при Домот на културата „Драги Тозија“ Ресен ќе исполнат композии од познати филмови.

Комедијата „Пијани“ на Народниот театар од Битола ќе ја заокружи театарската програма за возрасни на 27 декември во кино салата во Ресен, а на 29 декември ќе се одржи театарската претстава „Ало Дедо Марз“, на аматерската театарска група „Сумнал“. За крај на предновогодишната културна понуда на 30 декември во кино салата ќе се одржи концерт на КУД „Таше Милошевски“ од Ресен.

За сите културни настани влезот е слободен, информира организаторот на настаните, Дом на култура „Драги Тозија“ оод Ресен.