Вајгл: Средбите во Париз треба да ја одблокираат Македонија

0
128
SLOVENIJA LJUBLJANA 11.12.2008 VAJGL IVO POSLANSKA SKUPINA ZARES FOTO:ROMAN SIPIC/DELO

Европратеникот и известувачот на Европскиот парламент за Македонија Иво Вајгел открива дека една од главните цели за лидерска средба во Париз во куќата на основоположникот на ЕУ Жан Моне ќе биде да се постигне договор за внатрешно одблокирање на политичките процеси што ќе помогне во евроинтеграциите.

Пред македонските  парламентарци  една од темите ќе биде средување на деловникот на Собранието на РМ за во иднина да се избегнат такви деловнички блокади за какви јавноста е сведок во последниот период, порача Вајгел.

Тоа било и едно од барањата на претседателот Талат Џафери до Вајгел за што не е исклучено на средбата да бидат вклучени и европски експерти за ова прашање.

Неговиот став е дека Македонија треба да биде прва во редот за ЕУ, поради десетгодишниот минат труд и сработеното , како и долгото седење во чекалницата за влез во ЕУ. Има нова енергија сега од Скопје вели Вајгл за порталот Нова, и тој е оптимист за напредокот на Македонија.

„Она што е суштинско, таа нова енергија на новата влада треба да се преслика и во работењето на сите институции и на парламентот, и веројатно токму во тој контекст е и средбата во куќата на Моне во Париз“, смета Вајгл.

http://faktor.mk

Без коментари