Ведро и студено време, утрово во Битола -5

0
137

Насекаде во земјава преовладува ведро и студено време, по одделни со појава на слаба магла. Дува слаб ветер од северен и југозападен правец, особено на повисоките места и планините. Во Битола минималната -5 степени а максималната температура до 11.

Денес претежно сончево, утрото студено со услови за слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Највисоката температура ќе се движи од 10 до 15 степени.

Утре облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде се очекува да наврнат над 25л/м2. Во недела претпладне во западните и северните делови ќе има повремени слаби врнежи од снег, а границата на снежните врнежи се очекува да се спушти и до 500 м.н.в. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира и на некои повисоки места. Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.

Без коментари