Владика Петар: Ниту БПЦ, ниту СПЦ не може да биде мајка црква на МПЦ

0
294

Во историски контекст на нештата ние не можеме да ја сметаме Бугарската православна црква како мајка црква. Ни Српската православна црква во тој контекст не може, ниту која било друга црква согласно Уставот на нашата црква. Во преамбулата во Уставот на Македонската православна црква се вели дека Св.Павле во 50-тите години дојде во Македонија и ги основал првите црковни општини кои се запишани во Светото писмо како православни. Како наследничка на Јустинијана прима се јавува Охридската архиепископија како црква на македонскиот народ, изјави владиката Петар во вчерашната емисија „Отворено студио” на телевизија Нова.

Владиката Петар изјави дека тој воопшто немал удел при составување на писмото од Македонската православна црква и поради тоа не чувствувал никаква вина, ниту обврска за составот и содржината на писмото. Тој додаде дека немало класично гласање за писмото, односно писмото од МПЦ било премолчено и испратено.

„Гледано од аспект на мајчинство по настанокот на црквите, мајка на сите православни цркви е Ерусалимската патријаршија. Но бидејќи таа своевремено го загубила карактерот на голем град на Ерусалим кој бил уништен по 70-тите години на Христа, првенството во црквите го добил Рим. После со преместувањето на седиштето од Рим во Константинопол за време на цар Константин, Цариградската станува првопрестолна црква“, рече владика Петар.

mkd.mk

Без коментари