Возбудлива авантура со џипови на Пелистер

0
2200

Екипата на Тера телевизија беше дел од една интересна џип авантура на Баба планина. Иако денот беше предвиден за летање со параглајдери од Антена, во организација на параглајдинг клубот Летечки Конзули, заради временските услови тоа не беше возможно.
Авантурата започна од Инфо центарот, а продолжи до Широка. Нашата камера ги забележа моментите кога заради снегот и џиповите имаа проблем со искачувањето, но тимскиот дух на параглајдеристите помогна и овојпат.
На оваа авантура беа присутни пвоеќе гости не само од македонските параглајдинг клубови, туку и од други земји, кои пред се беа воодушевени со убавините на Баба планина, но и од гостопримството на клубот Летечки Конзули.

Да се потсетиме овој клуб традиционално го одбележува роденденот на Битола со летање од Антена, настан кој привлекува бројни учесници од повеќе земји, а што претставува одлична промоција на Баба планина, Пелистер и Битола.
Иако овојпат учесниците немаа можност да летаат, сепак одличната авантура со џиповите допринесе за едно одлично дружење и спомени кои уште долго ќе се паметат и прераскажуваат.

Без коментари