Грција го прифаќа терминот Македонија во можното решение

0
486

Вицепремиерот Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека Грција во преговорите прифаќа терминот Македонија да го има во можното решение за спорот.

– Утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција, уште откри Османи.

На прашањето дали Македонија може да влезе во НАТО без да се реши спорот, Османи вели дека имало таков предлог од наша страна, но не треба да се лажеме себе си и јавноста.

„Нема да имаме прогрес без решение на спорот“- рече Османи.

Тој вели дека како ДУИ сметаат дека референдум за името во Македонија може да поттикне и референдум во Грција.