Декември месец на жената во Болница „Плодност“

0
1302

Жените одат на гинеколошки прегледи најчесто кога се бремени, додека редовните прегледи кај сексуално активната женска популација на возраст кога се плодни, се поретки. Поради зголемување на свесноста за потребата од редовни гинеколошки прегледи, од болницата „Плодност“ најавуваат попусти на гинеколошки прегледи за овај месец. Ако ноември го посветија  на машкото здравје солидаризирајќи се со светот, во декември Болница „Плодност“ им нуди попусти на жените, кои треба да се грижат за своето здравје.

-Месец декември го посветуваме на жените. Болница „Плодност“ нуди попуст на комплетен пакет на гинеколошки услуги. Основниот пакет на гинеколошки преглед (гинеколошки преглед, пап тест, ехо, колпоскопија) ќе чини само 1500 денари. Редовните прегледи на пациентките и можноста за пониска цена тоа го направат, ќе даде подобри резултати за нивно подобро здравје, изјави д-р Кристинка Пајаковска, специјалист гинеколог акушер во Болница „Плодност“.

Грижата кон гениталното здравје се  манифестира преку редовни гинеколошки прегледи и контроли кај гинеколог( барем еднаш годишно), велат од „Плодност“. Сите сексуално активни девојки и жени треба да бидат и добро информирани дека редовните прегледи може да спречат понатамошно ширење на одредена сексуално пренослива болест преку правилно дијагностицирање и соодветен третман и терапија. Сексуално преносливи инфекции се болести кои се пренесуваат преку сексуален контакт, од партнерот кој има сексуално пренослива инфекција.Се добиваат преку секој вид на сексуална активност, а бидејќи се сериозни болести бараат посебен третман од докторите, велат од „Плодност“.

-Превентивните прегледи треба да ги спроведува и практикува секоја жена, затоа што на тој начин ќе се дијагностицираат промени кои ќе можат да се излекуваат 100% и нема да имаат тешки последици по нивното здравје. Проблемите најчесто се јавуваат кај жените во нивниот репродуктивен период, и се препорачува на секоја сексуално активна жена, после сексуална активност од една година, да редовно секоја година прави превентивни прегледи и земање на ПАП брисеви, вели д-р.Пајаковска.

Од Болницата Плодност велат дека основната цел им е да обезбедат најдобра можна заштита на исто ниво со светските стандарди. Во моментот главно се грижат за плодноста на пациентите, акушерство и гинекологија, грижа за плодот, неонатологија, педијатрија, општа медицина, рентгенологија како и одржување на високо ниво на интезивната нега.