Десетта последователна титула и есенска титула за Пелистер

0
316

Пелистер го совлада Пролет со 27-22 (9-12) и ја запиша десеттата победа по ред за есенска титула на две кола до крајот на првиот дел од сезоната.

Најефикасни поединци во тимот на Пелистер беа Грузијците Орјоканидзе со седум и Чантурија со пет гола, а кај Пролет се истакнаа Андоновски и Манасков со по шест гола.

Попладневото во Битола, Еурофарм Работник го декласира Радовиш со 34-18, утре се игра дуелот на Вардар Јуниор и Металург 2, а колото се затвора во вторник со мечот Прилеп – Борец.

Без коментари