Докторот кој сексуално малтретирал гимнастичарки осуден на 60 години затвор

0
297

Поранешниот доктор на американскиот гимнастичарски тим, Лери Насар, е осуден на 60 години затвор поради сексуално малтретирање што го извршувал повеќе години.

Повеќе од 125 жени, од кои повеќето се занимавале со гимнастика, го обвинија Насар дека ги силувал. Дел од жртвите биле и малолетни.

Поранешниот лекар на американските гимнастичарки минатиот месец се изјасни како виновен по седум точки од обвинението за сексуални напади. Тој е обвинет дека сексуално малтретирал и вознемирувал повеќе од 100 жени и девојчиња, а меѓу нив и три олимписки шампионки.

http://makfax.com.mk

Без коментари