Еден ден ќе ме бараш ти-концертна промоција на Сефедин Бајрамов

0
436

Сефеден Бајрамов пред битолската публика го промовираше најновиот видео запис , Еден ден ќе ме бараш ти, во големата сала на Центарот за култура, а присутните уживаа во неговиот концерт и на неговите пријатели.

Текстот за песната е на Огнен Неделковски, автор на музиката е Марјан Неќак, додека аранжманот е на Давор Неќак. Целокупниот настан, беше заокружен со промоција на новиот спот за песната, кој го изработи продукцијата на Дарио Јанковиќ-Генерал филм.

Пред битолчани се претставија познатите солисти и групи Билјана Дамјановска Јанчевска, групата “Гром“, Маргарита Христова, групата “Љубојна“ и Сузана Турунџиева.

Без коментари