Ердоган во историска посета на Грција

0
171

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја почнува посетата на Грција во надеж дека ќе ги подобри главно лошите однсои меѓу двете соседни земји, членки на НАТО. До ова исто така доаѓа во време кога, како што наведуваат новинските агенции, Турција ги преиспитува своите односи со НАТО и ЕУ. Ердоган ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со претседателот Прокопис Павлопулос, а утре ќе разговара со претставници на грчкото муслиманско малцинство на северозападот на Грција. Тоа ќе биде прва посета на Ердоган на Грција во својство на претседател на Турција. Тој како премиер двапати ја посети Грција.

Без коментари