Земјотрес од 7,3 степени во Перу

0
572

Најмалку две лица загинаа во силниот земјотрес кој го погоди Перу, а десетици се повреени, изјави шефот на агенцијата за управување со катастрофи откако медиумите претходно јавија дека нема ни загинати ни материјална штета.

Земјотресот со јачина од 7,3 по Рихтерс го погоди утринава југот на Перу и се почувствува сѐ до Лима.

Перуанската воена морнарица соопшти дека нема тревога за цунами, а и Центарот за предупредување за цунами на Пацификот, со седиште на Хаваи, потврди дека нема опасност за земјите кои излегуваат на тој океан.

Перу е во областа на силни сеизмички активност познат како „Пацифички огнен прстен“.