ИД ги повика приврзаниците во Албанија на терор за време на празниците

0
466

Преку своите комуникациски канали, терористичката организација Исламска држава ги повика своите приврзаници во Албанија да организираат напади за време на претстојните божиќни и новогодишни празници.

– Имаш доволно време да набавиш возило и да прегазиш луѓе во толпа или да купиш нож и да удриш во нив или да наполниш пушка со муниција. И ако твојата душа не може да ги прифати, влези во нивниот метеж и викни – Алах е голем – се наведува во повикот на ИД упатен на албански јазик пренесуваат албански медиуми.

ИД ја прогласи 2018 година за „крвава година“, и покрај поразите во Ирак и во Сирија.

Без коментари