Израелската војска нападна цели во Газа

0
136

Израелската војска синоќа соопшти дека стрелала врз цели во Појасот Газа како одговор на ракетни напади врз Израел. Исто така се наведува дека една ракета експлодирала на југот на Израел, додека двете претходни паднале на палестинска територија. Војската соопшти дека дејствувала од авиони и тенкови на два воени пункта во Газа. Во меѓувреме на палестинските територии имаше нереди во знак на протест поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го призане Ерусалим како главен град на Израел.

https://www.slobodnaevropa.mk

Без коментари