Каде се пајките од реката Драгор?

0
3384

По обилните врнежи од дожд кои што ја зафатија Битола викендот и ја наполнија реката Драгор, се случија две работи. За едната веќе информиравме. Да потсетиме. Битолчанецот Христијан од битолската населба Јенимале влезе во коритото на реката Драгор и го спаси кучето волчњак. Му помогнаа и жителите од оваа населба. Вториот случај е каде се пајките кои летоска беа пуштени во реката пред општинската зграда. Освен што ги нема пајките, надојдената вода најверојатно го однесе и нивнито засолниште, остана само стреата.

Иницијативниот одбор за оплеменување на автохтоната пловна фауна на реката Драгор во летото пушти семејство пајки во реката Драгор, на потегот наспроти општинската зграда. Прво ги пуштија мајката и таткото, а потоа и малите 8 пајчиња. На почетокот, ставија и заштитна ограда која стоеше се додека целосно не се адаптираа на новата средина. Поставија и засолниште кое се наоѓаше до ѕидот на коритото на реката.

Проектот го  покренаа група професори од Биотехничкиот факултет во Битола. Тогаш рекоа дека птиците нема да имаат проблеми во зимскиот период бидејќи тоа им била природна средина. Пајките ги набавија од одгледувач на пајки од село Бистрица. Целта на проектот како што тогаш беше речено е да се врати фауната во реката Драгор каква што била пред многу децении.Проектот ја доби поддршката и од Општина Битола.

Без коментари