Каква е состојбата во медицинското училиште „Д-р.Јован Калаузи“ во Битола?

0
4298

За тоа каква е состојбата во средното медицинско училиште „Д-р.Јован Калаузи“ во Битола, денеска медиумите имаа можност да прошетаат низ објектот.

Новата в.д директорка која Билјана Кокалевска, изјави дека школото должи 570 000 евра и дека седум години е со блокирана сметка. Поради ваквата состојба новото раководство ги повика јавните институции и приватни компании да помогнат да се санираат штетите во школото со цел наставата да се одвива во нормални услови.