КФОР не заминува од Косово поради ситуацијата на теренот

0
134

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денес во Брисел дека НАТО не размислува за повлекување на КФОР од Косово поради постоечката ситуација на теренот.

„КФОР игра важна улога за безбедноста и стабилноста на Косово и НАТО мисијата таму значи дека какво било намалување на трупите би било засновано врз состојбата на теренот“, кажа лидерот на НАТО на новинарското прашање како гледа на изјавите на накои функционери во Приштина дека присуството на КФОР е пречка за формирање косовска војска.

„Ние тоа ќе го следиме и тоа не е сега на програмата, ние постојано ги следиме приликите на теренот, така што сега е истакната потребата КФОР да биде на Косово“, истакна генералниот секретар на Североатлантската алијанса, на конференција за медиумите пред средбата со шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО.

www.mkd.mk

Без коментари