Медиумски ден и во Тера телевизија

0
507

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и годинава го организираше организираше Медиумскиот ден. Печатени, електронски и онлајн медиуми од Скопје, Битола и Куманово беа домаќини на ученици од повеќе средни училишта. Идејата на овој настан е публиката, а особено младите, да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на функционирање на една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди.

Тера телевизија и оваа година беше домаќин на ученици од две битолски средни училишта.
Први во посета ни дојдоа ученици од Економското училиште Јане Сандански. Сакаа да слушнат и видат како функионира нашиот медиум, како се создава програмата, како се прават вести, емисии и слично.

Втората група ученици беше од гимназината Јосип Броз Тито. И со нив разговаравме за тоа што значи телевизијата како медиум особено во денешно време, кога интернетот според некои го зема приматото, но и тие се свесни и знаат дека сепак поголемо е верувањето во телевизијата, во смисла на тоа каква програма се создава, која програма за која публика е, како се проверуваат информациите за да немаме шпекулации, дезинформации и како да се препознаат лажните вести.

Освен Тера телевизија како регионален медиум, оваа година  домаќини беа и дневниот весник Нова Македонија, МРТ1 , Телевизија 21, ТВ Плус од Куманово, агенцијата Макфакс и Радио МОФ. Настанот се организираше во рамките на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите и весникот „Нова Македонија“, со поддршка на Европската Унија.

Без коментари