Новогодишна џез бајка во Битолскиот театар

0
446

Најубавите џез-композиции што ги прославиле великани како што се Дин Мартин и Френк Синатра, се дел од програмата на „Новогодишната џез бајка“, со која на Народниот театар – Битола ќе ја заокружи оваа 2017 година. Композициите се во аранжман на Давор Неќак, како и идејата за самиот концерт.
Во аранжман на Давор Нечак.
Празничните класици ќе ги изведува квинтетот „Фрагмент“, односно Јасна Мажевска, Давор Нечак, Дарко Бошков, Стефан Тасевски и Марјан Павловски, а како специјални гости најавени се актерката Маја Андоновска Илијевска и виолончелистката Даниела Радевска.
Концертот е закажан за 28 декември, со почеток од 20 часот, а влезниците се веќе пуштени во продажба.