Облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег

0
216

Висината на снежната покривка во  Крушево 2 см , 3 во Берово, 5 во Маврово.

Утрово најстудено со -4 стевени во Маврово, -3 Крушево, -2 Лазарополе, Берово, -1 Пожаране, Ѓуриште, Кр. Паланка, 0 Дебар, Тополчани, 1 Претор, Виница, Куманово, 2 Тетово, Битола, Прилеп, Скопје, 3 Штип, Скопје Петровец, Охрид, 4 Д. Капија, Дојран, Струмица, 5 Гевгелија.

Претежно облачно со слаб снег во Крива Паланка и Маврово. Понекаде дува слаб претежно североисточен ветер.

Времето денеска значително облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег претежно во планинските делови на запад и на исток. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места и во котлините, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Температурата од 1 до 7 степени.

Поради спуштање на студен воздух од север, денес и утре ќе има локални врнежи од дожд кои понекаде ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. На планините особено на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег. Најмалку врнежи ќе има во централните делови од земјава. Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само во крајните западните делови. Понинтензивни врнежи претежно од дожд се очекуваат во среда од средината не денот и особено во западните делови, каде што врнежите во текот на ноќта ќе бидат од снег. Ќе дува дува засилен југозападен ветер.