Општина Новаци ја донесе програмата за зимско одржување

0
352

Советниците го разгледаа и усвоија и предлог-развојниот план за комунални дејности на територијата на на општина Новаци за период 2018-2020, одобрени беа средства за одбележување на Новата година, Божиќните празници и Богојавление-Водици.

Советот ја донесе и програмата зa зимско одржување на  проодноста на општинските патишта и улици на територијата на општина Новаци за сезоната 2017/2018 година, програмата за одржување на јавната чистота на територијата на општина Новаци за 2018 година и предлог програмата за работа на Советот на општина Новаци за 2018 година.

Советниците го разгледаа и го одобрија барањето на Ф.К Новаци 2011-Новаци за одобрување на средства за натпреварување во сезона 2017/2018-Есенски дел, донесоа одлука за одобрување на средства за исплата на дневници на ракувачот на ровокопачот, одлука за утврдување на приоритети на проекти и други проекти од инфраструктурата.

Нa денешната седница се разгледаа и се донесоа неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објект во идна урбанистичко-планска документација и тоа за Црквата ,,Свети Никола-Талалеј” во с.Добромири КП 457 КО , манастирот ,,Свети Архангел Михаил,, с Тепавци КП 184 КО Тепавци, црквата Св.Богородица с.Тепавци КП 218 КО Тепавци, црквата св. Илија с.Градешница КП 760 КО Градешница, црквата Св.Димитрија с.Груниште КП 213 КО Груниште, помошен објект и камбанарија на КП 620 КО Мегленци, помошен објект и камбанарија на КП 817 КО во Долно Орехово.Исто така беше донесена и одлука  за промена на траса на собраќајната инфраструктура по поднесено барање  физички лица.

Без коментари