Петровска: Долгот на битолските училишта над 4,5 милиони евра

0
2718

Училиштата во Битола должат над 4,5 милиони евра, соопшти денеска градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

-Во моментот на ниедно училиште не му е исклучена струјата, факт е дека училиштата должат и по основ на неплатена струја. Всушност долгот на училиштата во Oпштина Битола е над 4,5 милиони евра, но не само по основ на струја. Ние бараме  кој е начинот и моделот за да не дојдеме во ситуација на исклучување на струјата на училиштата. Факт е дека мора да се пронајде начин како тие долгови да се подмират, затоа што училиштата должни се тоа да го направат. Потребно е да се вклучи  не само општината, туку и државата. Долговите не се настанати сега, станува збор за долгови кои што се таложеле години наназад, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Без коментари