Повреден пешак на Прилепска во Битола

0
2791

На 12.01.2018 година околу 06,45 часот во Битола на ул.„Прилепска“ се случила сообраќајна незгода во која 63 годишен битолчанец, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во 65 годишен пешак. Во Клиничката болница-Битола му е констатирана тешка телесна повреда  (внатрешно крварење на мозок), по што е препратен во Клинички центар -Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР Битола.