Пожарот во Калифорнија се прошири до Лос Анџелес

0
120

Неколку илјади калифорниски пожарникари денеска продолжија да се борат со пожарите северно од Лос Анџелес, каде што властите наредија евакуација на жителите од неколку кварта.

Огнот го пустоши теренот источно од автопатот 405. Жителите од квартот помеѓу Мулхоланд Драјв на северот и булеварот Сансет на југот добија налог за евакуација, велат пожарникарите.

Утрово пожарот уништи 20 хектари вегетација и сé уште не е локализиран, изјави на Твитер градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гаркети.

Музејот Гети и кампусот на Универзитетот во Лос Анџелес се во близина на пожарната зона.

Градот се гуши во чад откако во понеделникот избувна огромен пожар наречен „Томас“ во округот Вентура, северно од Лос Анџелес.

Помогнат од силниот ветер, огнот сега опфаќа повеќе од 26.000 хектари, се заканува на 12.000 згради и доведе до евакуација на околу 27.000 лица.

Без коментари