Поранешни директори го оштетиле МЕПСО за 690 илјади евра

0
695

Поднесени се кривични пријави против поранешниот генерален директор на АД МЕПСО, директорот за финансиско работење и директорот за управување со пазарот на електрична енергија, кои се осомничени од страна на финансиската полиција. Тие се осомничени дека направиле злоупотреба на службената должност затоа што навреме не доставувале фактури до правното лице „ЕНГ сервис траде“ ДОО Скопје. Според Управата за финансиска полиција, тие не презеле никакви дејства за наплата на побарување за испорачаната електрична енергија. Поради овие дејства на тројцата директори, АД МЕПСО има штета од речиси 690 илјади евра.

a1on.mk

Без коментари