После наградите во Скопје, танцовото студио Expose на светско првенство во Атина

0
408

Танцовото студио „Expose“ од Битола на меѓународниот натпревар во модерни танци Dance Masters 2017 кој се одржа во Спортскиот Центар „Јане Сандански“ во Скопје, е добитник на 5 пехари и 107 медали.

Годинешните државни прваци од ова студио како најдобри во своите категории, ќе ги бранат боите на Македонија и ќе се натпреваруваат на Светското Првенство кое ќе се одржи во Атина на 16 и 17 декември.

Инаку Танцовото Студио “Expose” од Битола на натпреварот Dance Masters 2017 учествуваше со 107 деца во шест категории.

Прво место – Latino Show Formation Junior – пехар и 19 медали
Прво место – Latino Show Formation Children – пехар и 22 медали
Прво место – Synchro Dancing Formation Children – пехар и 16 медали
Прво место – Latino show duo Junior – 2 медали
Второ место – Latino all ladies formation children – пехар и 20 медали
Второ место – Production – пехар и 28 медали.

Без коментари