Превенција на насилството врз жените и девојчињата

0
322

Насилството насекаде претставува огромен проблем, и решението за истото, иако треба да биде доста едноставно, сепак сведоци сме дека не е така. За жал, голем дел од жените и девојчињата, ширум светот, се жртви на насилство и многу често, тие како жртви го прекинуваат тој круг на насилство многу доцна или воопшто не го прекинуваат од причина на срам или поголем страв. На годишно ниво се организираат различни активности и настани кои би овозможиле поголемо будење на свеста кај луѓето, иако тоа би требало да го знае секој од самиот момент од кога станува свесен за себеси.

За таа цел на овој ден, кој претставува ден за спречување на насилството врз жените во рамки на кампањата „Шестнаесет дена активизам против родово насилство“,Правниот факултет од Битола организира трибина,

-Оваа трибина има за цел да се запознае јавноста и студентите со проблемот на родово заснованото насилство и механизмите за заштита и превенција. На трибината покрај наставници и соработници од нашиот факултет ќе земат учество и стручни лица од Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјална работа како и адвокати кои ќе дискутираат за случаи со кои што се сретнале во пракса и како треба да се заштити и превенира во случај на родовото базирано насилство, изјави Доц. д-р Ангелина Станојоска правен факултет Битола

Пред почетокот на стручната дискусија Правниот факултет И ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа склучија меморандум за соработка.

– Со потпишување на овој меморандум правниот факултет добива многу во однос на стручните лица кои можат да се вклучат во теоретската настава кај нас, но и во насока на правната клиника која што веќе е формирана кај нас. Ние и нашите студенти би добиле можност да се запознаат со правничката работа во повеќе институции во градот и останатите места, додава таа.

Оваа глобална кампања, која се реализира низ градовите на цела држава  дава поголем и поактивен придонес за еден побезбеден свет и достоинствен живот без насилство и почитување на правата на секоја индивидуа.

Почетокот на оваа кампања беше одбележан на 24 ноември и истата ќе трае до 11 декември.

Без коментари