Прифатилишта за бездомници и во Битола

0
2690

Црвениот крст за време на екстремно ниските температури ќе се овозможи сместување во Привременото прифатилиште кое има капацитет да смести 32 лица во исто време, а мобилни тимови на Црвен крст ќе бидат достапни 24/7 за да укажат помош и обезбедат превоз за сите бездомни лица  дојавени од терен.

Со поддршка на Министерството за труд и социјална политика на РМ оваа година ваквите услуги покрај во градот Скопје, проширени се и во Битола, Струмица, Струга каде се поставени контејнери во кои може да се згрижат по осум лица, а се опремени со ќебиња, храна… Мобилните тимови на Црвен крст во овие градови се подготвени за прифаќање на бездомните лица.

Инаку, пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, овозможува помош и поддршка на 50 бездомници на дневна основа, кои редовно го посетуваат двапати во неделата. Тие ги користат услугите за одржување на хигиената и берберските услуги. Со нив работи тим од доктор, психолог и социјален работник и согласно нивните потреби се работи на намалување на нивната ранливост и подобрување на здравствената состојба. Покрај овие услуги корисниците редовно може да добијат облека, храна и други материјални добра. Со бездомниците се работи на нивна успешна реинтеграција.

Без коментари