Свечена академија по повод патронот на битолскиот Унивезритет

0
365

По повод патрониот празник на Универзитетот Св.Климент Охридски Битола, 8-ми декември , беше одржана свечена академија каде што беа доделени награди за најдобрите студенти и најдобрите остварувања на Конкурсот за истражувачки труд и есеј.
Филип Лазоски, Михаела Огненовска, Игор Стерјовски се најдобрите истражувачи , а Ања Црнец и Кристина Станковиќ се најдобрите есеисти.

Денес скоро во секој град има институција, улица, црква или барем паметник со неговото име, а токму вториот најстар универзитет во Република Македонија – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола го носи името на основоположникот на првиот словенски универзитет.

Македонија има образование кое е задолжително, но и достапно за секој, беше истакнато на самиот почеток од свечената манифестација.

Македонските студенти се дел од единствениот европски образовен простор.Се стипендираат студентите кои со своите врвни резултати ќе успеат да се запишат на најпрестижните универзитети во светот. Македонските млади научници се натпреваруваат на светски натпревари и освојуваат награди на меѓународни научни олимпијади.
Со овој празник и прославата , Универзитетот се придружува кон бројните институции во државата кои го празнуваат споменот на првиот македонски Епископ и основач на Охридската книжевна школа.

Во рамки на чествувањата за Патронот одржани се спортски натпревари за студентите.

Без коментари