Се снимале како возат 200 км/ч, неколку моменти подоцна загинале

0
1043

Ноќта од неделата кон понеделникот, околу 2:30 часот во местото Џурџевик во БиХ, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа двајца 21-годишници, Ахмед и Енес Муратовиќ.

Како што пишуваат босанските медиуми, несреќата се случила кога Енес поради неприлагодена брзина изгубил контрола врз автомобило, по што удрил во бетонска ограда на двор на куќа која автомобилот ја пробил и се забил во куќата.

Освен двајцата 21-годишници, во автомобилот бил и 16-годишник кој седел на задното седиште, а по несреќата бил префрлен во болница во Тузла. Според последните информации неговата состојба е стабилна.

Според порталот Тузлански, извлекувањето на двете тела на момчињата од смачканиот автомобил траело околу два часа.

Покрај ова, босанскиот портал јавува и дека Ахмед Муратовиќ само неколку моменти пред несреќата на својот инстаграм профил објавил видео-снимка со брзото возење. Возеле над 200 км/ч по пат кој бил влажен и лизгав.

www.mkd.mk

Без коментари