Симултанка на Еурофарм, победен Радовиш со 16 разлика

0
309

РАКОМЕТ Победа од 16 разлика за Еурофарм против Радовиш
ОдЗ.М.Објавено на 02/12/2017
Еурофарм Работник реди победи во Суперлигата, откако во првиот натпревар од 12. коло во спортската сала „Младост“ го декласира Радовиш со 34-18 (21-10). Така победата над Охрид доби на вредност, а екипата на Темелковски реагираше по поразот од Пелистер и врза пет победи по ред.

По само седум минути битолчани поведоа со 6-1. Следеа голови на крилата Ојлески и Мојсоски за недостижни 13-3. Од минута од минута, од напад во напад предноста на Еурофарм порасна до 21-10 на полувреме.

Ротацијата на Темелковски не ја намали ефективноста, па предноста на битолчани само се зголемуваше. Голманите одлично бранеа, а Дрогришки, Чурлевски и Крстевски ја наполнија мрежата на Радовиш за финална победа од 34-18. Оваа победа му дава вредност на триумфот во Охрид во средата.

Дрогришки и Ојлески со по 7 гола и Мојсовски со 5 гола беа најефикасни во победничкиот табор, а кај Радовиш се истакна Мајиќ со 5 погодоци.

Без коментари