Студио Балестра се подготвува за новогодишната ревија

0
601

Модното студио Балестра, традиционално секоја година за време на новогодишните празници подготвува модна ревија. Па така и оваа година подготвоките за истата се во тек.

Ревијата ќе се одржи на 23-ти декември во ресторан Гламур.

И оваа година најголемо изненадување за најмладите ќе биде Дедо Мраз кој на најмладите ќе им подели пакетчиња.

Инаку детското модно студио Балестра постои повеќе од 25 години и е бренд во Битола, кога станува збор за воведување на децата во модниот свет.

Без коментари