Тевдовски: Со еврообврзницата ќе има и за повисоки плати и инвестиции

0
126

Ниската камата за еврообврзницата ни заштеди 90 милиони евра а парите нема да ги трошиме на споменици и жалби врби“, изјави  министерот за Финансии образложувајќи ја новата еврообврзница.

Тевдовски се правда дека еврообврзницата е издадена со историски најниска каматна стапка а дека парите ќе бидат вложени главно за покривање на буџетскиот дефицит.

„За споредба, претходните пет еврообврзници беа издадени по значително повисоки каматни стапки кои се движат помеѓу 3,975% и 9,875%, односно нивната пондерирана просечна каматна стапка изнесува 5,34%. Со дупло пониската каматна стапка од 2,75%, постигнуваме заштеди по камати во вкупен износ од околу 90,6 милиони евра, во однос на случајот ако се издадеше еврообрзница на истиот износ и рочност, но со повисоката просечна каматна стапка (од 5,34%)“, рече министерот Тедовски.

Посликовито, како што истакна, ова ќе биде користено меѓу другото и за повисоки плати и инвестиции во образование и здравство, поддршка на домашните и странските претпријатија, зголемување на средства во одбраната заради прилближување до НАТО стандардите, интензивирање на капиталните инвестиции и слично а со еврообврзницата како што најави Тевдовски ќе бидат вратени и претходно направени долгови. На 29. Јануари ќе се отплати првата рата на PBG-кредитот земен во 2013 година во износ од 95 милиони евра.

Со оглед на тоа што со еврообврзницата враќаме речиси 200 милиони евра претходно наталожени долгови, нето-задолжувањето со оваа еврообврзница изнесува околу 300 милиони евра, потенцираше на крај министерот за финансии.