Тешка победа на Пелистер во пелагониското дерби

0
197

Ракометарите на Пелистер забележаа нова победа во домашната Суперлигата, откако во првиот натпревар од 14. коло го совладаа Прилеп во спортската сала „Младост“ во Битола со 35-28 (16-17).

Најефикасни поединци во таборот на Пелистер беа Јагуриновски со 13 и Митиќ со 5 гола, а кај Прилеп се истакнаа Јанчев со 7, Бозароски со 6 и Тренчески со 5 гола. Алушовски не им даде шанса на Грузијците Орјоканидзе и Чантурија, кои веројатно ќе се вратат во тимот в сабота во Велес.

Утре 13. коло почнува со натпреварот меѓу Металург 2 и Еурофарм Работник, а в сабота се среќаваат Пролет – Вардар Јуниор, Борец – Пелистер и Радовиш – Охрид.

Без коментари