Трамп преку Твитер ја откажа посетата на Лондон

0
153

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Лондон, каде требаше да ја отвори новата американска амбасада во Британија, која како што процени тој е уште една лоша одлука на неговиот претходник Барак Обама.

„Патувањето во Лондон го откажувам бидејќи не сум голем обожавател на администрацијата на Обама која ја продаде најубавата амбасада на најдобрата локација во Лондон за „кикири“ и тоа за да изгради нова на одалечена локација за 1,2 милијарди долари“, напиша Трамп на Твитер.

Трамп кратко рече: „Лоша зделка. Сакаат да ја пресечам лентата. Не!“

www.mkd.mk