„Трансверзалец“ изрази сочувство за загинатите планинари

0
342

Планинарскиот кулб „Трансверзалец“ изрази сочувство за загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски. Од таму објавија дека доставиле информации до надлежните институции и дека утре клубот ќе има изјава за медиумите.

„Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочуство за прерано изгубените животи на нашите Калина и Александар. Тие беа дел од нашата заедница и клубот, и ќе им недостасуваат на сите членови и планинари. Уште еднаш искрено сочуство до нивните семејства и блиски. Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостасуваат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции. Почивајте во мир другари.
Дополнително во врска со официјалниот извештај, Клубот ги достави сите потребни информации до соодветните институции и ќе излезе со изјава во петок по завршувањето на истрагата и објавување на извештајот“ стои во нивното соопштение.