Утрово -4 во Битола, а до крајот на денот сончево време

0
174

Утрово најстудено во Лазарополе со -8 степени, -7 Маврово, -6 Претор, Крушево, -5 Охрид, -4 Берово, Битола, Пожаране, Дебар, Тополчани, -3 Ѓуриште, Виница, Прилеп, Кр. Паланка, -2 Тетово, -1 Струмица, 0 Куманово, Д. Капија, Скопје Петровец, 1 Штип, Скопје, Дојран, 2 Гевгелија.

Преку ноќта и утринава на југозапад имаше само мала облачност и таму и минималните температури се доста ниски. Во поголемиот дел од земјата е умерено облачно, а поизразен ветер утрово дува во повисоките делови од Пелагонја.

Денеска претпладне на југозапад ќе биде сончево, а во останатиот дел од земјата ќе е сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе е претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер, само на југоисток ветерот краткотрајно ќе засилува. Температурата од 4 до 12 степени.

До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а на запад од крајот на денот ќе започнат врнежи од дожд. Преку ноќта кон недела краткотрајно врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Во недела претежно во западните и источните делови ќе има повремени врнежи кои понекаде на повисоките места ќе бидат од снег.

Без коментари