Утрово -5 степени во Битола

0
276

Утрово најстуденот со -7 степени Берово, -5 Скопје Петровец, Битола, Лазарополе, -4 Тетово, -3 Кр. Паланка, Куманово, Претор, Д. Капија, Прилеп, Дебар, Струмица, Штип, -2 Скопје Зајчев Рид, Охрид, -1 Виница, 0 Крушево, Маврово, Пожаране, Тополчани, 1 Ѓуриште, Гевгелија, 6 Дојран.

Времето денеска сончево со слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Температурата ќе достигне од 8 до 16 степени, а во повеќето котлини околу 10 степени.

Утре претежно сончево, утрото студено, а во текот на денот со слаб до умерен југозападен ветер.

Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Во недела наутро се уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 м.н.в. врнежите ќе поминуваат во снег (во северните делови можно е снежната граница да биде и пониска). Врнежите во недела нема да бидат обилни, а попладне облачноста ќе се намали.

Од понеделник се очекува повторно зголемување на облачноста проследено со повремени локални врнежи од дожд.

Без коментари