УЈП ја објави новата листа на должници

0
623

Управата за јавни приходи на својата веб-страница ја објави најновата листа на должници, за долгови доспеани до 31 август и неплатени до 31 ноември.

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата на должници се објавени 2.357 должници – правни лица што е помалку за 80 од претходната листа и 1.918 физички лица што е помалку за 46 од претходната листа.

http://makfax.com.mk

Без коментари