Хаваи во паника за нов „Перл Харбор“ и балистички напад

0
160

Сојузната американска држава Хаваи во текот на утрото поминала низ голема паника откако итните служби испраќале пораки до граѓаните дека е неизбежен напад со балистичка ракета и веднаш да најдат засолниште и дека тоа не е вежба.

Сепак, кратко по тоа е утврдено дека се работи се грешно управување со системот и се направија големи напори за да се поништи информацијата за да не се шири непотребна паника и луѓето да се смират. Се обрати и Дејвид Ајг гувернерот на Хаваи кој посочи дека грешката ќе биде надмината.

Хаваи е остров во Пацификот кој е на стотина километри одалечен од копното на САД и затоа се претпоставува дека во можна балистичка војна ќе биде една од првите мети на Северна Кореја, односно дека ќе се случи втор „Перл Харбор“ по фамозниот напад на военото пристаниште во Втората светска војна од страна на јапонската авијација.