Хрватската полиција ја затвори Загрепска „Арена“, прави безбедносни проверки

0
484

На неколку часа пред почетокот на натпреварите од групата Ц, хрватската полиција ја затвори „Арена“ поради вонредни безбедносни мерки.

Новинарите кои утринава се обидоа да влезат во прес центарот наидоа на затворени врати. На никој не му беше дозволено да влезе, специјални единици за антитероризам го проверуваа секој дел од арената пред почетокот на натпреварите.
Организаторот не остава ништо на случајот, проверката не беше најавена, но е логична бидејќи се работи за голем спортски настан во сала со капацитет од околу 15.000 гледачи.
Натпреварите од групата Ц започнуваат од 17:15 часот со мечот помеѓу Германија и Црна Гора. Македонија против Словенија игра од 19:30.
www.mkd.mk