Ќе се реконструира Офицерскиот дом во Битола

0
1688

-Со градоначалничката на Општина Битола разговаравме за понатамошниот план за реализација на реконструкцијата и обновата на Офицерскиот Дом Битола. Како што знаете Владата на РМ со одлука обезбеди почетни 10 милиони денари на отпочнување за работите со реконструкцијата.
Надлежна институција која што треба да направи конечно категоризација на овој објект од нашето културно наследство е Завод и музеј Битола и тие таа обврска ќе ја исполнат. Понатаму ќе следи ревалоризација на изведбениот проект од страна на Општината и надлежната институција односно Заводот и потоа ќе се преиде кон следните фази:

Се договоривме овие работи да ги изведува Општината, додека стручниот надзор, работата околу заштитата да ја изведи надлежната институција. Така што очекуваме многу брзо да се откочи целиот процес и дека во 2018 година ќе отпопчне прво заштитата на самиот објект па по фази согласно буџетските можности и целокупната реконструкција на објектот, кој што е даден на Општина Битола и која што ќе може да го употреби како јавен културен простор во интерес на граѓаните на Битола, изјави Министерот за култура Роберт Алаѓозовски