1.133 потврди за бегалците издадени во последните 24 часа

0
368

Во текот на измиантото деноноќие вкупно 1.133 бегалци добиле потврди во Македонија за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупно издадените потвреди најголемиот број се издадени на возрасните мажи и тоа 478, нешто помалку на малолетни деца во придружба на родители или стаатеи и тоа 416, додека жените и овој ден најмалку транзитирале низ земјава и тоа само 239.

Според државјанствата најголемиот број потекнуваат од Сирија – 407, потоа на 389 државјани на Авганистан и на 337 на државјаните на Ирак, а вкупната бројка од почетокот на годината до сега достигна 55.477.

До Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, а од почетокот на годината тоа го сториле вкупно седум лица, од кои пет од Сирија и две од Авганистан.