1,3 милиони денари чини новиот мост на реката Драгор

0
4295

Во завршна фаза се активностите за целосна изградба на мост на местото по течението на реката Драгор каде што пред многу децении истиот постоел и бил од големо значење за жителите на овој дел од градот. После голема поплава во 1958 мостот бил урнат, но по барање на локалното население од двете урбани заедници, Даме Груев и Елпида Караманди, повторно ќе се олесни комуникацијата од двете страни на реката, реле градоначалникот Талески.

„Овој проект кој е во фаза на реализација беше по барање на двете урбани заедници. Направивме еден проект и покрај што издвоивме средства од Буџетот на општина Битола, овојпат имаме и донатори, кои што се јавија и сакаа да помогнат во дел од проектите. Ние им понудивме повеќе проекти, а овој дел е помогнат со 1 000 000 денари од донатори. Мостот е во завршна фаза, а истиот ќе биде голема придобивка за граѓаните од двете страни на реката. Исто така и на едната и на другата страна завршивме и доста други проекти кои се нивно барање”, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, при денешната посета на терен.

Со изградбата на овој мост, реализирани се 90 % од програмата за реконструкција на мостовите на реката Драгор. Претседателите на двете урбани заедници изразија голема благодарност за поддршката и соработката.