1, 5 милион евра за чистење на каналите

0
349

Половина милион евра за чистење на реката Црна и дополнителни 1 милион евра за чистење на каналите на потегот Битола, Новаци и Могила. Владата веќе започна со чистење на коритото на Црна и се надеваме дека целата акција ќе ја завршиме за околу месец-два, рече премиерот Никола Груевски при посетата на Пелагонискиот регион

 

„ Се работи на целиот потег на реката Црна кој што е критичен и оти ќе бидат доделени и дополнителни 300 тони нафта за механизацијата која работи на терен.Работиме со внимание за овој проект којшто ветивме дека ќе го направиме. Механизацијата е на терен и се работи со полна пареа. Средствата се обезбедени и нема никаква пречка за оваа работа да не ја завршиме.Минатата година се исчистени 145 километри канали, а годинава дополнителни 85 километри“, изјави Никола Груевски, премиер на Р.Македонија

Премиерот информира дека почнато е и обештетувањето на земјоделците и оти веќе во 13 општини околу 2.220 земјоделски семејства се обесштетени.

„Преостанува понатамошното исплаќање на земјоделците кои не ги примиле средствата заради обработка на документите за исплата. Во општините Могила, Новаци и Битола досега е исплатено обештетување на околу 985 семејства, а исплатата продолжува и понатаму, “ додаде Груевски

Од големите поплави во февруари кои што ја зафатија Пелагонија под вода беа 17 илјади хектари плодно земјодeлско земјиште, а вкупните штети во земјоделието и домаќинствата се проценети на 7 милиони евра во општините Могила, Новаци и Битола. Да се надеваме дека Пелагонсикиот регион годинава нема да биде поплавен.