1,8 милијарда евра за борба со мигрантската криза

0
257

Спогодбата за формирање на фондот  беше потпишана од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и лидерите на земјите од ЕУ, на средбата на високо ниво ЕУ – Африка, што се оддржува во малтешката престолнина Ла Валета, пренесе ТАСС.

Во создавањето на фондот учествуваат 25 од 28-те земји од ЕУ.

Јункер подвлече дека парите во фондот не се доволни за ефикасно справување со кризата и затоа ги повика земјите членки да уплатат дополнителни средства.